„Ford“ издаде необично безбедносно предупредување и покрена постапка за отповикување „Ford“ издаде необично безбедносно предупредување и покрена постапка за отповикување на одредени примероци од своите електрични модели „Capri“ и „Explorer“ во Европа. Проблемот е поврзан со панорамскиот покрив, кој не бил соодветно залепен. Како резултат на тоа, постои ризик стаклениот покрив да се разлабави при возење и, во најлош случај, целосно да се одвои од возилото, пренесува „Revija HAK“.