Фотографија од поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, беше прикажана на познатата кула „Nasdaq“ на Тајмс сквер во Њујорк, во рамки на отворањето на тргувањето на пазарот на капитал „Nasdaq“ Арсовска објави дека нејзиното појавување на еден од најпрепознатливите симболи на финансискиот свет претставува признание за нејзиниот ангажман како член на работната група на B20 USA за економски раст, во рамки на процесот поврзан со G20. „За мене е посебно признание што сум претставена на кулата „Nasdaq“ во Њујорк, Тајмс Сквер, со што се признава ангажманот на членовите на работната група B20 на САД од G20 во обликувањето на приоритетите и препораките за унапредување на агендата за глобален економски раст“, наведе Арсовска. Поводот беше церемонијата на отворање на берзата, на која претставникот на B20 USA, Кевин Брејди, со традиционалното ѕвоно го означи почетокот на тргувањето на „Nasdaq“.