Власта има за авион и ди-џеј, но нема за работникот, реагира СДСМ на најновите податоци на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), според кои синдикалната минимална кошничка во септември достигнала 69.432 денари, односно 84.807 денари за семејство кое живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри. Од партијата велат дека растот на трошоците покажува оти просечната плата не е доволна … Власта има за авион и ди-џеј, но нема за работникот, реагира СДСМ на најновите податоци на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), според кои синдикалната минимална кошничка во септември достигнала 69.432 денари, односно 84.807 денари за семејство кое живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри. Од партијата велат дека растот на трошоците покажува оти просечната плата не е доволна за покривање на основните животни потреби, додека минималната плата е далеку под животниот стандард.