Приносите на државните обврзници на најголемите светски пазари во последните денови достигнаа повеќегодишни, а во некои земји и повеќедецениски максимуми, бидејќи инвеститорите проценуваат дека каматните стапки во водечките економии би можеле да останат повисоки подолг период од претходно очекуваното. Приносот на референтните 10-годишни американски државни обврзници достигна највисоко ниво од враќањето на Доналд Трамп во Приносите на државните обврзници на најголемите светски пазари во последните денови достигнаа повеќегодишни, а во некои земји и повеќедецениски максимуми, бидејќи инвеститорите проценуваат дека каматните стапки во водечките економии би можеле да останат повисоки подолг период од претходно очекуваното. Приносот на референтните 10-годишни американски државни обврзници достигна највисоко ниво од враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа на почетокот на минатата година, додека приносот на 30-годишните американски обврзници исто така значително порасна, објави Си-Ен-Би-Си. Распродажбата на американските државни обврзници во последните недели дополнително ја засили загриженоста околу високиот јавен долг и потребата на американската влада од ново задолжување.