Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против пет физички лица и две правни лица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Перење пари и други приноси од казниво дело“, од член 273, „Измама“ од член 247, Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против пет физички лица и две правни лица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „ Перење пари и други приноси од казниво дело “, од член 273, „ Измама “ од член 247, „ Фалсификување или уништување деловни книги “ од член 280 и „ Даночно затајување “ од член 279 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Од таму објаснуваат дека со намера да го прикрие изворот и локацијата на паричните средства кои потекнуваат од кривичното дело, пријавениот Д.К., заедно со пријавениот Ф.Н ., во својство на управител и овластен потписник на сметката на пријавеното правно лице, потпишале налог со кој трансферирале 16.762.410 денари од сметката на правното лице во корист на правно лице од Штип, за плаќање на фиктивна фактура за наводна набавка на пилешки нозе. Потоа, преку фиктивен договор за цесија, средствата биле префрлени на сметката на Х.Р . Д.М ., како овластен потписник на сметката на пријавеното правно лице од Штип, непосредно по уплатата по фиктивната фактура, реализирала електронски налог со кој средствата ги префрлила на сметката на Х.Р., со намера да се прикрие нивното потекло и локација, од каде пријавениот Д.К., како овластено лице на сметката на Х.Р., средствата прибавени со кривично дело ги конвертирал во девизи, а потоа дел од нив ги подигнал во готово, а дел ги искористил за купување возило.