Навреди, притисоци, закани, па дури и физички напади – лекарите се почесто… Навреди, притисоци, закани, па дури и физички напади – лекарите се почесто се соочуваат со насилство на работното место. Но, не е само насилството, лекарите се се повеќе погодени од обвинувања за лош третман и лекарски грешки.Решението, велат од Македонското лекарско друштво, не треба секогаш да завршува во судница. Наместо секој конфликт меѓу лекар и пациент да прерасне во судска постапка, се предлага формирање група од лекари и медијатори, кои би посредувале во ваквите ситуации.