Извршниот директор на „Енвидија“, Јенсен Хуанг, ги отфрли предупредувањата дека вештачката интелигенција во следните неколку години би можела да доведе до истребување на човештвото. Тој ваквите тврдења ги нарече претерани „наративи за судниот ден“ и оцени дека не се засновани на наука, пренесува „Гардијан“. Хуанг, коосновач и извршен директор на производителот на чипови за вештачка интелигенција, чија вредност се проценува на пет билиони долари, ги оцени како „неодговорни“ тврдењата на поранешниот истражувач на „Антропик“, Џејкоб Коксон.