Во рамките на посетата на Вашингтон, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со влади. Во рамките на посетата на Вашингтон, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со владината делегација, оствари повеќе значајни средби со претставници на американските институции, Конгресот и економскиот сектор, на кои во фокусот беа продлабочувањето на стратешкото партнерство меѓу двете држави, како и отворањето нови можности за економска и инвестициска соработка. Мицкоски оствари средба со Caroline Vik, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународно финансиско развивање – DFC, институција која располага со инвестициски капацитет од 205 милијарди долари и претставува значаен инструмент на САД за мобилизирање приватен капитал и инвестиции во стратешки сектори.