Британецот Роберт Даниел Крету (40) од Ливерпул е осуден поради лажирање смрт на 30 кучиња, при што преку наплата на осигурителни полиси од различни осигурителни компании незаконски се стекнал со околу 36.300 евра“, соопшти лондонската полиција. Тој поднел 30 лажни барања до различни осигурителни компании, тврдејќи дека осигурените кучиња угинале во различни несреќи. „Во еден случај кучето за време на прошетка избегало, истрчало на патот и настрадало под тркалата на возило, а во друг пак, бркајќи галеб, паднало во море, по што било пронајдено мртво на плажа“, информираше „ГБ њуз“.