Речиси секоја вечер во Белата куќа, претседателот Доналд Трамп ѝ се јавува на својата главна оперативка за собирање донации, Мередит О’Рурк, за да ја провери состојбата на сметките. Трамп го интересира кои компании уплатиле пари, кои сè уште се двоумат и за колкави суми станува збор, а редовно бара значително поголеми износи од планираните – на некои им одредува пет, а на други дури и 50 милиони долари, пишува „Волстрит џурнал“ во обемен истражувачки текст. „Ова е исклучително важно за претседателот.