Во Централниот дневник на МРТ гостуваше претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, кој истакна дека во услови на глобална енергетска криза, цените на горивата во Македонија се убедливо најниски во Европа, при што, според него, владините мерки значително го намалуваат ударот врз стандардот на граѓаните. „Во моментот во светот се случува најголемата енергетска криза којашто човештвото не ја памети. Во овие услови цената којашто ја имаат горивата во Македонија е најниска во Европа — кога велиме најниска, е убедливо најниска во Европа.