Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови денеска, по повод 15 Септември – Денот на пензиска свесност, организира настан во СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ – Скопје. На настанот, како што е најавено, ќе се обратат министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, директорот на СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, Александар Мијоски, претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Ремзи Бајрами и претседателот на Асоцијацијата на Друштва за управување со пензиски фондови на Северна Македонија, Маријан Николовски. Покрај обраќањата, ќе биде потпишан меморандум за соработка за развој на практичната настава и ќе биде промовирана новата едукативна кампања за млади.