Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) е во одлична кондиција, бидејќи позајмицата што ја зеде од… Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) е во одлична кондиција, бидејќи позајмицата што ја зеде од Државна Лотарија, МЕПСО и Македонска навигација (М-НАВ) место до крајот на октомври, ја врати за дваесетина дена во август, изјави за „Локално“, министерот за транспорт и врски, Александар Николоски. Тој рече дека во текот на годината не е чудно да има вакви позајмици меѓу државни претпријатија, бидејќи иако се планирани приходите и расходите, сепак може да се случи некој месец да биде подобар, а друг полош. Во однос на позајмицата која се случи летово, се врати само за дваесетина дена.