Во изминатите денови, пораката „Еднорозите доаѓаат во СКОПИЈЕ“ на автобусите низ градот… Во изминатите денови, пораката „Еднорозите доаѓаат во СКОПИЈЕ“ на автобусите низ градот предизвика бројни реакции, коментари и споделувања. Но „грешката“ во името на градот не била случајна. Зад кампањата стои Startup Club Skopje, а таа е дел од промоцијата на Startup Revolution AI Summit 2026, еден од најголемите настани за стартапи, технологија и претприемништво во регионот, кој ќе се одржи од 1 до 4 октомври во Скопје, информираат од Startup Revolution AI Summit во соопштение.