Управната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, изјави дека проширувањето на ЕУ е повторно на агендата, што ќе им користи на ММФ, како и на постојните и идните членки на ЕУ. Таа додаде дека наскоро во Рим ќе се отвори центар за Западен Балкан и Молдавија, Центарот за техничка помош на Југоисточна Европа (SEETAC). „Воодушевени сме Управната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, изјави дека проширувањето на ЕУ е повторно на агендата, што ќе им користи на ММФ, како и на постојните и идните членки на ЕУ. Таа додаде дека наскоро во Рим ќе се отвори центар за Западен Балкан и Молдавија, Центарот за техничка помош на Југоисточна Европа (SEETAC). „Воодушевени сме што проширувањето е повторно на агендата на ЕУ и што многу земји сакаат да се приклучат во наредните години. Ова е исклучително позитивно. Во ММФ ги видовме огромните придобивки од проширувањето, и за новите и за постојните членки на ЕУ. Всушност, можеме да кажеме дека проширувањето го активира моторот на конвергенција, што е, според мене, најважниот изум на 20 век“, рече Георгиева во Центарот за студии за европска политика (CEPS) во Брисел.