Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ денес предупреди дека цената на летовите на кратки релации до Европа би… Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ денес предупреди дека цената на летовите на кратки релации до Европа би можела значително да се зголеми ако високите цени на нафтата продолжат до летото 2027 година, додека некои компании би можеле да се соочат со банкрот. Компанијата забележува дека керозинот моментално се продава за околу 140 долари за барел, додека цената на нафтата од типот „Брент“ во еден момент достигна 97,04 долари за барел, поради новите конфликти меѓу САД и Иран и стравот од прекини во снабдувањето. „Рајанер“ предупредува дека превозниците со помала заштита од зголемувањето на цените на горивата (хеџирање) ќе бидат под притисок да го намалат капацитетот, а некои можеби нема да ја преживеат претстојната зимска сезона, објавува „Гардијан“.