„Во изминатите неколку години Народната банка спроведе значајни реформи во областа на платежните услуги и платните системи, со кои ја зголемивме конкуренцијата, ја унапредивме заштитата на потрошувачите и ја зајакнавме сигурноста на плаќањата“, истакна вицегувернерот на Народната банка Игор Величковски на состанокот на Иницијативата за политики за Источна Европа и Централна Азија (ECAPI), одржан во „Во изминатите неколку години Народната банка спроведе значајни реформи во областа на платежните услуги и платните системи, со кои ја зголемивме конкуренцијата, ја унапредивме заштитата на потрошувачите и ја зајакнавме сигурноста на плаќањата“, истакна вицегувернерот на Народната банка Игор Величковски на состанокот на Иницијативата за политики за Источна Европа и Централна Азија (ECAPI), одржан во рамките на Светскиот форум за политики на Алијансата за финансиска вклученост (AFI Global Policy Forum), којшто се одржува во Порт Морзби. „Усогласувањето со европските стандарди и пристапувањето кон Единствената област за плаќања во евра (SEPA) овозможија побрзи и поевтини плаќања во евра“, посочи Величковски, додавајќи дека Народната банка е насочена кон следниот значаен чекор – воспоставување систем за инстант-плаќања заснован на клонот на ТИПС, развиен во рамките на иницијативата на Европската централна банка за земјите од Западен Балкан. „Овој систем ќе создаде основа за регионално поврзување на платните системи и постепена интеграција со европската платежна инфраструктура, овозможувајќи побрзи и поефикасни прекугранични плаќања во евра со земјите од Западен Балкан и Европската Унија“, истакна тој.