Европската електрификација ќе бара значително поголеми инвестиции во електроенергетските мрежи, поголема флексибилност на системот и побрзо приклучување на… Европската електрификација ќе бара значително поголеми инвестиции во електроенергетските мрежи, поголема флексибилност на системот и побрзо приклучување на новите производители и потрошувачи, оцени Европската мрежа на оператори на преносни системи за електрична енергија (ENTSO-E). Во својот став за Акцискиот план на Европската комисија за електрификација, усвоен на 17 јули 2026 година, ENTSO-E посочува дека електрификацијата е во центарот на европските цели за декарбонизација, конкурентност и енергетска безбедност. „Патот на Европа кон електрификација не е едноставно замена на еден извор на енергија со друг. Станува збор за градење основа за поконкурентна, побезбедна и поодржлива иднина“, изјави претседателот на Одборот на ENTSO-E, Демијан Кортинас . Генералната секретарка на ENTSO-E, Соња Тухиг , додава дека мрежата не е само предуслов за оваа трансформација, туку е еден од нејзините суштински столбови.