Полициските извештаи продолжуваат да се полнат со настани во кои повредени работници завршуваат во болница наместо на работа. Често се тоа тешки повреди, поради кои неретко завршуваат и на скопските клиники. Ако се направи основен прегледа, тоа се рудари, градежни работници, конфекционерки од Пробиштип, Виница, Кочани.