Силна профитабилност, раст на кредитната активност и стабилна капитална позиција ја одбележаа првата половина од 2026 година за Штаермеркише Шпаркасе груп, една од водечките банкарски групации во Австрија и во Југоисточна Европа. Групацијата Штаермеркише Шпаркасе, чиј дел е и Шпаркасе Банка АД Скопје, ја заврши првата половина од 2026 година со нето-добивка по оданочување од 270,6 милиони евра, што претставува значителен раст во однос на истиот период минатата година. Резултатите ја потврдуваат стабилноста на Групацијата и нејзината способност успешно да се справува со предизвиците во глобалното економско окружување, истовремено продолжувајќи да инвестира во развојот на клиентите, на економијата и на локалните пазари.