Малото кнежевство кое се наоѓа во Пиринеите, помеѓу Франција и Шпанија, е една од најпросперитетните европски земји, но во последните години се соочува со проблемот на недостиг на работна сила, пишува порталот „ЛLinternaute“ Андора има малку повеќе од 90.000 жители, а БДП по жител е околу 39.000 евра . Просечниот бруто месечен приход е околу 3.700 евра, додека просечната плата во мај годинава достигна 2.760,46 евра, што е за 7,7 проценти повеќе од претходната година. Просечната плата се зголеми за 5,2 проценти , на 2.235,73 евра. Најмногу се заработува во финансискиот сектор, каде што просечната плата е речиси 5.000 евра , додека платите во трговијата, енергетиката, хотелиерството и земјоделството се пониски.