Петте земји членки на Европската унија кои најмногу придонесуваат во буџетот на 27-члениот блок – Германија, Данска, Финска, Холандија и Австрија – изјавија дека следната финансиска рамка за 2028-2034 година треба да биде неколку стотици милијарди евра помала од 2 трилиона евра предложени од Европската комисија, што предизвикува остри спорови пред клучната фаза од преговорите. Петте земји членки на Европската унија кои најмногу придонесуваат во буџетот на 27-члениот блок – Германија, Данска, Финска, Холандија и Австрија – изјавија дека следната финансиска рамка за 2028-2034 година треба да биде неколку стотици милијарди евра помала од 2 трилиона евра предложени од Европската комисија, што предизвикува остри спорови пред клучната фаза од преговорите во следните три месеца, пишува Reuters. Во заедничка статија објавена во европското издание на Politico, челниците на овие земји истакнуваат дека европските даночни обврзници не можат да продолжат да плаќаат повеќе за да ги покријат и старите и новите приоритети.