Политичките групи поврзани со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и милијардерот Илон Маск почнаа… Политичките групи поврзани со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и милијардерот Илон Маск почнаа да вложуваат големи суми пари во предизборните кампањи на републиканците, во пресрет на изборите за Конгресот закажани за ноември. Додека републиканците се соочуваат со можноста да ја загубат контролата над најмалку еден дом на Конгресот, а анкетите покажуваат дека демократските гласачи се помотивирани да излезат на избори, група поврзана со Трамп почна да троши десетици милиони долари за резервација на термини за телевизиски реклами во тесните изборни трки. Трамп, чиј рејтинг е на најниското ниво во неговата политичка кариера, им изјави на новинарите минатата недела дека планира да одвои меѓу 400 и 500 милиони долари за поддршка на републиканците на изборите за Конгресот на половина од мандатот.