Владата прави методологија за да се задржи истата цена на струјата, но… Владата прави методологија за да се задржи истата цена на струјата, но се обидува и македонските граѓани да имаат и повтина струја, најави денеска при посетата на Штип, претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарски прашања дали ќе се зголеми цената и каква е енергетската слика во земјата. За струјата, правиме методологија да се обидеме ако ништо друго, барем да ја задржиме истата цена, а зошто да не и да се обидеме да ја поевтиниме – изјави Мицкоски. Тој истакна дека откако е оваа Влада граѓаните, домаќинствата реално немаат зголемување на цената на електричната енергија и покрај сите предизвици и како што рече „покрај тоа што сме во пикот на најголемата енергетска криза која што човештвото ја памети, а тоа е војната во Арапскиот Залив“.