На територијата на државата до 18 часот денеска се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е ставен под контрола, а 12 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите во Општина Македонски Брод, кај месноста... Текстот Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот е превземен од А1он . Текстот Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот е превземен од А1он На територијата на државата до 18 часот денеска се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е ставен под контрола, а 12 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите во Општина Македонски Брод, кај месноста Видуш во близина на селото Драгов Дол, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, како и во Општина Ново Село, на планината Огражден кај Ново Село, каде што се зафатени депонија, мешана деградирана шума и ниска вегетација. Под контрола е пожарот на градската депонија во Делчево.