Во периодот од 18.05.2026 до 31.07.2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството Во периодот од 18.05.2026 до 31.07.2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли на целата територија на државата, насочени кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При спроведените контроли, констатирани се вкупно 6.932 прекршоци сторени од возачи на велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, како и 33 прекршоци сторени од возачи на велосипеди. Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Скопје – 2.146, СВР Битола – 992, СВР Велес – 856, СВР Куманово – 583, СВР Штип – 544, СВР Тетово – 541, СВР Охрид – 420 и СВР Струмица – 327, додека од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 556 прекршоци.