При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин 7 мм со оптички нишан, пиштол „ЦЗ“ 9мм со празни рамки, воздушна пушка 5,4 мм со оптички нишан, како и куршуми од различен калибар.
„Синоќа околу 20:21 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.М.(39), Д.М.(26), Б.С.(37), Р.Р.(66), Б.А.(37) и Р.В.(72), сите од Гостивар и Н.Л.(65) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во село Куново, гостиварско имало нарушување на јавниот ред и мир со истрели од огнено оружје.