Полицијата под раководство на ОЈО за ГОКК, спроведена акција, при што уапсена криминална група инволвирана во извршување на кривични дела „проневера во службата“, „перење пари и други приноси од казниво дело” и „несовесно работење во службата” Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени наредби од Основен кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје, при што уапсени се С.С., Ш.С. и З.Ѓ., а при извршените претреси пронајдени и одземени се околу 27.735 евра, 38.500 денари, 750 швајцарски франци и 100 долари, повеќе телефонски апарати и две патнички моторни возила. Денеска Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против шест физички и три правни лица, и тоа: С.С. (49)- сопственик на правно лице од с. Кучевиште и неизвршен член на одбор на директори во осигурително брокерско друштво, Ш.С. (29)- извршен член на одбор на директори во осигурително брокерско друштво и З.Ѓ. (58)- извршен член на одбор на директори во осигурително брокерско друштво за „проневера во службата” (чл.354 ст.5 во врска со ст.1) и „перење пари и други приноси од казниво дело” (чл.273 ст.1) од КЗ, против Д.М. (54)- вработен во правно лице од с. Кучевиште како раководител на станица за технички преглед за „проневера во службата” (чл.354 ст.5 во врска со ст.1) од КЗ, против Т.М. (64)- вработена во Јавно претпријатие за државни патишта како помошник директор за „несовесно работење во службата” (чл.353-в ст.1, 2 и 3) од КЗ, против М.Д. (40)- вработен во друштво за книговодствени услуги за „проневера во службата” (чл.354 ст.5 во врска со ст.1), „перење пари и други приноси од казниво дело” (чл.273 ст.1) во врска со „помагање“ (чл.24) од КЗ, сите од Скопје и против правно лице од Скопје и правно лице од с. Кучевиште. за „перење пари и други приноси од казниво дело” (чл.273 ст.1) од КЗ и правно лице од Скопје за „перење пари и други приноси од казниво дело” (чл.273 ст.1) во врска со „помагање“ (чл.24) од КЗ. С.С. во својство на управител на правно лице од с. Кучевиште, кое од 2011 година имало овластувања за вршење на технички преглед на возила, во периодот од 01.01.2021 – 20.01.2026 со намера за себе да прибави противправна имотна корист во износ од 138.877.419 денари изготвувал и доставувал лажни извештаи за наплатени надоместоци при регистрација на возила до Јавното претпријатие за државни патишта, Црвен Крст, Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Mинистерство за животна средина и општините. При изготвување на извештаите и лажирање на податоците, С.С. дејствувал заедно со Д.М., кој бил овластен за изготвување и потпишување на фактури и доставување на извештаи до надлежните институции.