Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, апелираше до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат прописите и да ја прилагодат брзината кон условите на патот, откако припадниците на Управата за сообраќајна полиција при Министерството за внатрешни работи – кои вршеле контрола со возила без полициски ознаки („пресретнувачи“) –... Текстот (ВИДЕО) Безобѕирно возење на српските патишта – еден се движи со 185, а другиот со 211 километри на час е превземен од А1он . Текстот (ВИДЕО) Безобѕирно возење на српските патишта – еден се движи со 185, а другиот со 211 километри на час е превземен од А1он. Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, апелираше до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат прописите и да ја прилагодат брзината кон условите на патот, откако припадниците на Управата за сообраќајна полиција при Министерството за внатрешни работи – кои вршеле контрола со возила без полициски ознаки („пресретнувачи“) – исклучиле двајца возачи од сообраќајот поради прекршоци поврзани со насилничко возење. Според соопштението на министерот, на територијата на општина Владимирци, во 15:43 часот, сообраќајната полиција го запрела А.П. (52), кој управувал мотоцикл „Сузуки“ со брзина од 185 километри на час на пат во населено место каде што ограничувањето на брзината е 50 километри на час.