„Во Струга беше поднесена кривична пријава против две физички и едно правно лице за незаконито копање и експлоатација на минерални суровини во близина на изворите за вода, што предизвика значително загадување и прекин на водоснабдувањето во градот ОВР Струга поднесе кривична пријава против Х.М.(50) и Н.К.(54), двајцата од струшкото село Велешта, како и против правен субјект од истото село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности “, „незаконита експлоатација на минерални суровини“, „предизвикување опасност при градежни работи“ и „загадување вода за пиење“.