Лицето е осудено на дванаесет години и осум месеци затвор за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и кражба.
„Денеска во Гостивар , полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги, Отсек за потрага по цел, во содејство со полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар, го лишиле од слобода 42-годишниот Е.А. од Гостивар, кој бил во бегство од Казнено-поправната установа Затвор „ Идризово “. Е.А. бил осуден на казна затвор во траење од 12 години и осум месеци за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ согласно член 215 и „кражба“ согласно член 236 од Кривичниот законик.
Следи нѐ
Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.