Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 21 возачи и со еден е извршен службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 10 лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: Н.М.(41) од с.Сарај, скопско, А.Р.(25) од с.Батинци, скопско, Х.Ш.(35) од с.Неготино, гостиварско, 16-годишник од с.Видуше, Општина Маврово и Ростуше, А.С.(31) од с.Ковач, Оштина Македонски Брод, А.Д.(32) од с.Корошишта, струшко, Ќ.С.(62) од Градско, Е.Ј.(27), Е.Д.(43) и Н.Ј.(22), сите од Скопје, од кои Н.Ј. возел и со брзина поголема од дозволената. Исто така, полициски службеници од ОВР Пробиштип, во присуство на родител, извршиле службен разговор со 16-годишник од с.Приковци, кратовско, затоа што управувал мопед без возачка дозвола.