Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 14 возачи и со двајца малолетници е извршен службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 13 управувале возило без положен возачки испит и тоа: З.Т.(39), М.Л.(22), Х.В.(23), Б.Ф.(24), сите од Скопје, Х.Д.(19) од с.Морани, скопско, М.Т.(29) од Прилеп, В.И.(18) од Битола, Р.Н.(47) од с.Брезница, општина Македонски Брод, И.Ѓ.(42) од Кочани, Г.Н. (46) од Кавадарци, Ш.Р.(34) од Тетово, Б.А.(26) од Гостивар и Л.Ф.(22) од с.Чегране, гостиварско, кој удрил во паркирано возило. Исто така, со двајцата малолетници од Велес, во присуство на родител е извршен службен разговор затоа што управувале мопеди без возачка дозвола.