MakeDox – фестивалот за креативен документарен филм Ве поканува на својата годишна фиеста, кој оваа година ќе се одржи од 20 – 27 август, посветен на една од нашите најзначајни филмолози и филмски критичарки, основополжници на Кинотеката, Илинденка Петрушева, нашата Бабе, голем сонувач, но и борец, која додека живееше на Земјата, празнуваше роденден на ден MakeDox – фестивалот за креативен документарен филм Ве поканува на својата годишна фиеста, кој оваа година ќе се одржи од 20 – 27 август, посветен на една од нашите најзначајни филмолози и филмски критичарки, основополжници на Кинотеката, Илинденка Петрушева, нашата Бабе, голем сонувач, но и борец, која додека живееше на Земјата, празнуваше роденден на ден денешен… Нека и е вечен споменот! Во продолжение текстот за годинешното издание на 17. МакеДокс, кое ќе се одржи под мотото „Само сонот е стварност“, со препев на песната на Тин Ујевиќ која го носи овој наслов, како и една од многуте книги што ги напиша Илинденка… за сите сонувачи, љубители на филмот – аматери, за сите борци за своите соништа! Почитувана публико, „Само сонот е стварност таму нема вчера, ниту денес, ниту утре… Останува само надеж и очекување.