Филмската и телевизиска академија на Јадранскиот регион (АФА), основана од шест регионални филмски фестивали, ги објави номинациите за овогодишните „Јадрански филмски награди (Adriatic Film Awards)“ (АФА), соопштија организаторите. Наградите што ги доделува оваа фестивалска мрежа ги одликуваат најзначајните филмски продукции и телевизиски серии во регионот. Оваа година се доделуваат 10 филмски награди во категориите: најдобар филм, најдобар глумец и глумица во главна улога, ѕвезда во подем, најдобар режисер, сценарио и дебитантски филм; телевизиските серии се натпреваруваат за наградите за најдобра серија, најдобар актер и најдобра актерка.