Се работи за авторски проект во кој Живковски ја истражува трансформацијата на секојдневниот потрошувачки отпад во уметнички објекти.
„Преку употреба на расклопена картонска амбалажа и интервенции со изразени акрилни бои, авторот отвора прашања поврзани со потрошувачкото општество, материјалната култура и начинот на кој предметите од секојдневието можат да добијат ново значење во уметнички контекст.