Жири-комисијата во состав Димитар Пандев, Славе Ѓорѓо Димоски и Иван Џепароски, во образложението наведува дека расказот „Службен пат до Тирана“ се издвоил од преостанатите 23 доставени раскази, по начинот на кој ги поврзува етичките и човечките аспекти со современата тема, но и по стилската изведба и јазичната прецизност. „Расказот восхитува, но и изненадува со антрополошко-етичкиот Жири-комисијата во состав Димитар Пандев, Славе Ѓорѓо Димоски и Иван Џепароски, во образложението наведува дека расказот „Службен пат до Тирана“ се издвоил од преостанатите 23 доставени раскази, по начинот на кој ги поврзува етичките и човечките аспекти со современата тема, но и по стилската изведба и јазичната прецизност. „Расказот восхитува, но и изненадува со антрополошко-етичкиот пристап, ретко присутен во најновата македонска литература, со ведрата емпатија кон туѓото и кон своето, како и со хуморната димензија што проблеснува од секој параграф, со оригиналноста и современоста на темата, како и со беспрекорно чистиот јазичен израз“, се наведува во образложението на комисијата.