Првиот настап на овој музички караван е закажан за деветти август, во античкиот театар во Охрид, Првиот настап на овој музички караван е закажан за деветти август, во античкиот театар во Охрид, а денешната генерална проба покажа дека се е подготвено за мјузиклот во кој ќе оживеат стиховите на Блаже Конески, Ацо Шопов, Анте Поповски и други македонски поети. Спектаклот ќе обедини околу 120 учесници и ќе понуди богата музичка програма поделена во неколку тематски целини, од песни посветени на Тоше Проески, преку поп музиката до етно звуците. Игор Џамбазов и Драгана Ливринска, кои ќе бидат домаќини на овој спектакл, велат дека покрај забавниот дел, имаат и мисија на младите да им ја доближат македонската култура и историја.