Селин Дион подготвува големо враќање на сцената, а пред почетокот на нејзините долгоочекувани настапи во Париз, таа отворено проговори за своето здравје, живот и однос со публиката Пејачката, 58, ќе одржи петнеделна серија концерти во Париз на есен, што ќе бидат нејзини први редовни настапи откако беа откажани нејзините концерти во Лас Вегас во 2022 година. Интересот на публиката беше огромен, па билетите беа распродадени речиси веднаш. Поради големата побарувачка, Дион ќе се врати во Париз во мај 2027 година, кога е закажан нов тринеделен престој.