Драматично вчера било во село Богомила во општина Чашка и во пелагониските села Ивањевци, Лознани и Новоселани Благодарение на храбрата и брза реакција, пред се, на локалното население, беше спречена катастрофа Трактористот Аце од село Ивањевци со неговиот огромен трактор направи херојско дело орајќи директно низ пожарната линија и гасејќи голем дел од линијата Вчерашниот Драматично вчера било во село Богомила во општина Чашка и во пелагониските села Ивањевци, Лознани и Новоселани Благодарение на храбрата и брза реакција, пред се, на локалното население, беше спречена катастрофа Трактористот Аце од село Ивањевци со неговиот огромен трактор направи херојско дело орајќи директно низ пожарната линија и гасејќи голем дел од линијата Вчерашниот ден беше најтежок во оваа сезона на пожари од аспект на загрозеност на населени места, бидејќи имавме два алармантни пожари, изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Во видеоизјава Ангелов соопшти дека во текот на вчерашниот ден имало над 40 пожари на отворен простор, а од нив активни во овој момент се шест кои не загрозуваат населени места, ниту има опасност да влезат во квалитетна шума. Како што рече, драматично вчера било во село Богомила во општина Чашка и во пелагониските села Ивањевци, Лознани и Новоселани. Им се заблагодари на ангажираните тимови на ДЗС и ја пофали пожртвуваноста на населението кое ги бранело своите куќи, како и брзата реакција на локалните пожарникари и од доброволните друштва.