Нејзиното природно наследство е заедничка одговорност, а нејзината иднина зависи од сите нас – од нашата подготвеност да соработуваме, да се грижиме и заеднички да ја градиме Преспа што ќе ја оставиме на идните генерации.
„Манифестацијата се одржа во рамки на проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа – Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, финансиран од Европската Унија (ЕУ) во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“ и кофинансиран преку Фондот за природа „Преспа – Охрид“ (ПОНТ). Партнери во имплементацијата на проектот се Македонско еколошко друштво, Општина Ресен, Националниот парк „Галичица“, Друштвото за заштита на Преспа (SPP) од Република Грција и Друштвото за заштита и зачувување на природната средина во Албанија (PPNEA) од Република Албанија.
Манифестацијата започна со воведни обраќања на градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски, и извршната директорка на Македонското еколошко друштво, Робертина Брајаноска, кои ја истакнаа важноста на заедничкото дејствување за зачувување на природното наследство и создавање услови за одржлив развој на регионот.
„Во рамки на настанот беше потпишана и Декларацијата за основање на Прекугранична работна група за шуми, чија цел е создавање заедничка платформа за дијалог, размена на знаења и информации и координирање активности поврзани со зачувувањето, обновувањето и следењето на шумите во поширокиот преспански регион.