По повод 35-годишнината од независноста на Македонија на платото пред Музејот на Македонија во Старата скопска чаршија ќе се одржи мултимедијалниот настан „Уметноста ја крши тишината“ , кој ќе обедини музика, поезија, визуелна уметност, перформанс и современа клубска култура. Настанот, што ќе започне во 21 часот, според организаторите, претставува поинаков концепт за одбележување на Денот на независноста, насочен кон современиот уметнички израз и идните културни перспективи. Вечерта ќе ја отвори Игор Џамбазов, а во официјалниот дел од програмата ќе настапат Весна Микиќ на харфа, Александра Илиева на саксофон, Јана Стојановска, Мишел Трајковски – „Скопје Виа“, Лаура Карлиу и Никола Перевски – Нокаут.