Основана на 24 август 1991 година, само петнаесет дена пред историскиот референдум од 8 Септември, „Матица македонска“ стана првата издавачка куќа на самостојна Македонија и три и пол децении ја пишува својата приказна паралелно со приказната на македонската држава Утре, на 24 август, се навршуваат точно 35 години од основањето на „Матица македонска“ – издавачката Основана на 24 август 1991 година, само петнаесет дена пред историскиот референдум од 8 Септември, „Матица македонска“ стана првата издавачка куќа на самостојна Македонија и три и пол децении ја пишува својата приказна паралелно со приказната на македонската држава Утре, на 24 август, се навршуваат точно 35 години од основањето на „Матица македонска“ – издавачката куќа чиј почеток е неразделно поврзан со еден од најзначајните мигови во современата македонска историја. „Матица македонска“ е основана на 24 август 1991 година. Само петнаесет дена подоцна, на 8 септември, граѓаните на Македонија на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава.