Ретроспективната изложба „Благоја Маневски: 40 години творештво“ вечер во 20 часот ќе биде отворена во Музејот на современата уметност во Скопје. Изложбата го претставува творечкиот пат на Благоја Маневски од 1985 до 2025 година, обединувајќи дела од повеќе уметнички дисциплини – сликарство, објект, инсталација, фотографија, цртеж и перформанс. Неговото творештво се карактеризира со постојано истражување, експериментирање и преиспитување на границите на уметничкото дело, со особен акцент на материјата, просторот и личното искуство.