Антониа Гиговска јавно покажа во каков однос е со својата потенцијална јатрва, а наедно и нејзина колешка, младата и талентирана пејачка Јана Спирковска, испраќајќи ѝ силна поддршка преку социјалните мрежи. Имено, Антониа на својот Инстаграм профил ја сподели најавата за најновата песна на нејзината колешка, со што уште еднаш докажа дека меѓу нив владее одлична енергија и меѓусебно почитување. Јана Спирковска, која на пошироката јавност ѝ е добро позната како вокал на составот „ Паблик Бенд“, сè повеќе се инфилтрира и се позиционира на домашната естрада, а нејзиниот нов соло проект е само потврда за нејзините амбиции.