Фиксен радар на Авенида Лопе де Вега го снимил неговото возило на 12 јуни во 11:23 часот наутро н. Фиксен радар на Авенида Лопе де Вега го снимил неговото возило на 12 јуни во 11:23 часот наутро на делница со ограничување на брзината од 50 км/ч. Сепак, споредувањето на казните откри бизарен детал: според едната, тој возел 58 км/ч, а според другата, во исто време - 63 км/ч, пишува Тпортал. Двете казни биле по 100 евра, што би го чинело возачот вкупно 200 евра доколку случајот не го преземело здружението за заштита на возачите „Аутомовилистас Европеос Асоцијадос“ (АЕА). Здружението нагласува дека не станува збор за едноставна административна грешка или дуплирање на документ, туку за физички невозможно сценарио кое директно ја доведува во прашање техничката исправност на самиот уред.