Битката кај Беласица на 29 јули 1014 година е позната по победата на византиската војска над Самуил, која, се чини, го означила почетокот на крајот на Самуиловата држава; но се помни и по преданието за ослепувањето 14.000 или 15.000 Самуилови војници веднаш по битката. Всушност, еден од најпознатите византолози на овие простори, советско-југословенскиот историчар – Битката кај Беласица на 29 јули 1014 година е позната по победата на византиската војска над Самуил, која, се чини, го означила почетокот на крајот на Самуиловата држава; но се помни и по преданието за ослепувањето 14.000 или 15.000 Самуилови војници веднаш по битката. Всушност, еден од најпознатите византолози на овие простори, советско-југословенскиот историчар Георги Острогорски, нагласува дека, според Кекавмен, бројката е 14.000 заробени војници, а Скилица, како и повеќе подоцнежни автори (Манасиј, Зонара, Гликас и други), ја наведува бројката од 15.000 ослепени заробеници.