Од 11 до 13 септември, Гевгелија ќе биде исполнета со традиционални вкусови, македонски вина, музика и забава во рамките на четвртото издание на гастрономско- музичкиот фестивал „Taste the South“. Препознатливиот фестивалски бренд на Општина Гевгелија и оваа година ќе ги обедини локалната гастрономија, културната традиција и настапите на познати македонски изведувачи. Во текот на трите фестивалски дена, посетителите ќе можат да уживаат во локални специјалитети, кулинарски презентации, подготовка на храна пред публика и дегустации на производи карактеристични за јужниот регион.