Први септември пристигна, а со него доаѓаат училишните обврски, враќањето на утврдениот распоред и бројните трошоци, од купување ранци, футроли за моливи и нови додатоци до пари за ужина и дружење по часови. Меѓу сите овие работи, прашањето за џепарлакот често отвора неколку дилеми: дали треба да се дава дневно или еднаш месечно, која сума.