Сочно пилешко, пиперки и кремаст кикирики сос во комбинација со ориз – едноставен, брз и превкусен ручек за целото семејство. Состојки: 4 парчиња пилешко филе 1 шолја ориз 2 свежи црвени пиперки 2 зелени пиперки 4 лажици путер од кикирики 4 лажици соја сос 2 лажици маслиново масло 3 лажици вода 1½ лажичка слатка црвена пипер 1 лажичка мелен црн бибер ¾ лажичка сол 100 г кикирики Подготовка: Оризот исплакнете го со ладна вода додека водата не стане бистра. Сварете го во поголема количина вода, како тестенини, во сооднос 1:6. Исцедете го и оставете го целосно да се излади, а потоа ставете го во фрижидер најмалку 12 часа.